Search

Мареј против Ѓоковиќ во дуел пред Австралија Опен

 Енди Мареј ќе се сретне со светскиот рекет бр.1, Новак Ѓоковиќ во тренинг натпревар како дел од неговата подготовка за Австралија Опен.

 

Шкотот пропушти многу од минатата сезона по операцијата на колкот и испадна од топ 200 на светската ранг-листа.

Дуелот ќе биде повторување на четири од последните финалиња на Австралија Опен, кои секогаш беа добиени од Ѓоковиќ. Организаторите на турнирот најавија дека дуелот ќе се одржи на „Маргарет Корт Арена“ и ќе биде слободен влезот за навивачите.

Енди Мареј, кој петпати беше поразен во финалето на Австралија Опен, поради повредата одигра само шест турнири во 2018 година и ќе го искористи неговиот заштитен ранкинг за да влезе помеѓу натпреварувачите на првиот Гренд Слем оваа година.

Треба да знаете
Последни објави