Search

Мареј победи во највозбудливиот меч во првото коло на АО

Николос Басилашвили во Мелбурн допатува како 23. тенисер во светот е поразен од тениската легенда Енди Мареј кој на Австралија Опен игра по покана од организаторот на турнирот. Мечот донесе одличен тенис кој траше скоро четири часа.

Првиот сет го доби Мареј со сигурни 1:6, а во вториот Басилашвили возврати со 6:3.

После два прилично рутински сета во третиот следуваше голема борба која на крајот заврши добро за Мреј со 4:6, а четвртиот сет донесе уште поголем спектакл, го доби Басилашвили после тај брејк.

И петтиот сет донесе убав тенис, пресуди еден брајк кој го доби Мареј и го освои сетот со 4:6 за конечни 2:3.

Инаку, Енди Мареј во овој момент е 113. тенисер на АТП листата.
Во второто коло Мареј ќе игра против Таро Даниел кој е на 120 место на АТП листата што значи дека Британецот има добра шанса за пласман во третото коло.

Енди во кариерата има освоено 46 турнири, од кои три му се на Гренд слем турнирите (Вимблдон 2013 и 2016, како и САД Опен во 2012 година). Мареј на Австралија опен дури пет пати играл во финалето (2010, 2011, 2013, 2015 и 2016 година), но ниту еднаш не го освоил трофејот.

Треба да знаете
Последни објави