Search

Мареј го одложува враќањето на терените

Поранешниот број 1 во светскиот тенис, Енди Мареј (Велика Британија) го одложи враќањето на терените поради проблеми по операцијата за замена на колкот, што му ја спаси кариерата минатата година.

Трикратниот Гренд слем шампион за последно играше на натпревар на „Дејвис Купот” во ноември, а на крајот на декември изјави дека не е доволно добар и ќе го пропушти Австралија опен, кој почнува на 20 јануари, но се надева дека ќе може повторно да игра во февруари.

– Ова отекување одзеде подолго време да се лекува од планираното, така што нема да учествувам на турнирите во Монпелје и Ротердам во февруари. Не сакам да брзам. Ќе го слушам моето тело и ќе се вратам на теренот кога ќе дојде време, изјави 32-годишниот Шкот за Би-Би-Си.

Мареј претрпе операција за замена на колкот во февруари минатата година, по што се врати во игра на двојки во јуни. Во август ја обнови кариерата во сингл, учествувајќи на шест турнири до крајот на сезоната и освојувајќи ја титулата во Антверпен.

Британецот е на 127-то место на светската АТПлиста во моментот.

Треба да знаете
Последни објави