Search

Марен Морис ja покажа собата од соништата на нероденото бебе

Синот на Марен Морис сè уште не е роден, а собата што го чека е како од бајките.

Познатата кантри пејачка и текстописец (29) во средата на својот Инстаграм сподели фотографии од „детска соба од соништата“.

Во просторијата преовладува рустикална нота, дело на Ејприл Томлин, дизајнерка на ентериери со седиште во Нешвил.

Марен во објавата на Инстаграм ѝ се заблагодари на Ејприл со зборовите: детска соба од соништата, ти благодарам Ејприл.

Таа е во осмиот месец од бременоста со своето прво дете. Марен и сопругот Рајан Хард, кантри пејач,  се во брак 19 месеци.

Објавата доаѓа два месеци по фотографијата од одмор во Кихеи, Хаваи, во декемри, а на неа Марен изгледа симпатично со заоблено стомаче во бикини.

 

Треба да знаете
Последни објави