Search

Марго Роби не се чувствувала како возрасна сè додека не научила да кажува „не“

Австралиската актерка Марго Роби имала само 17 години кога заминала од дома за улога во ТВ-сериjaта Neighbours („Соседи“), но главната хероина на „Птици грабливки“ – која е во брак со Том Акерли – се чувствувала како „дете кое се обидува да прави возрасни работи“.

Таа всушнот созреала откако се почувствувала способна да ја преземе контролата врз својот живот.

„Не се чувствував како возрасна на 17 години затоа што се оддалечив од дома и живеев сама. Тоа не ме натера да се чувствувам како возрасна, туку само како дете кое се обидува да прави работи како возрасен. Јас дури сега навистина почнувам да се чувствувам како возрасна со тоа што научив да кажувам ‘не’ за многу работи”, вели 29-годишната актерка.

„Отсекогаш сум била да-личност, затоа се чувствувам многу повеќе созреана и го контролирам животот кога можам да кажам не, знам што сакам и знам дека тоа не е тоа и нема да го направам.“

За Марго бил застрашувачки потег кога за првпат се преселила во Мелбурн за „Соседи“, но тоа ѝ ја зголемило довербата. „Никого не познавав во Мелбурн и тоа беше страшно“.

По напуштањето на серијата, Маргот се преселила во САД.

„Следниот голем почеток беше три години подоцна кога се преселив во Америка и се чувствував како во целосно свежа, чиста кожа затоа што никој во Америка не знаеше која сум.“

Марго Роби ја игра Шерон Тејт во новиот филм на Квентин Тарантино, „Беше еднаш во Холивуд“, придружувајќи им се на Леонардо ди Каприо, Бред Пит, Ал Пачино, Барт Рејнолдс, Тим Рот, Курт Расел… во ѕвездената актерска постава.

Во центарот на приказната се Рик Далтон (Леонардо ди Каприо), поранешна ѕвезда на вестерн-серии и неговиот партнер и дублер Клиф Бут (Бред Пит). Двајцата не успеваат да се снајдат во Холивуд, бидејќи никого не познаваат, но Рик има многу славна сосетка – Шерон Тејт.

Треба да знаете
Последни објави