Search

Маргот Роби е визија во бело за премиерата на „Одред самоубијци“

Актерката Маргот Роби ги покажа своите беспрекорни модни инстинкти во понеделникот вечерта на премиерата на „Одред самоубијци“(The Suicide Squad) во Лос Анџелес.

31-годишната sвезда одлучи да го прескокне традиционалниот гламурозен фустан во корист на елегантен бел комплет панталони и топ од „Шанел“ – Chanel Resort 2022 Collection – за премиерата што се одржа во „Риџенси вилиџ“ театарот во Вествуд, Лос Анџелес.

Австралијанката, ѕвезда на „Беше еднаш во Холивуд“, го спои горниот дел со бели панталони со висок струк.

На премиерата присуствуваа и други членови на актерската екипа, вклучувајќи го и Џон Сина, кој се облече во костум од „Миротворец“, Сторм Рид, Џоел Кинаман и неговата партнерка Кели Гејл, и Кејт Бекинсејл.

 

Треба да знаете
Последни објави