Search

Мараја Кери ќе плати отштета за сексуална злоупотреба

Aмериканскaта пејачка Мараја Кери (48) се согласи на спогодба и исплата на надоместок за сексуална злоупотреба. Имено, нејзината поранешна менаџерка Стела Булочников-Столпер ја обвини за малтретирање и злоупотреба бидејќи пејачката, како што тврди, намерно се шетала гола пред неа.

Стела работеше помалку од три години за Мараја, а во меѓувреме станаа неразделни пријателки. Сето тоа заврши кон крајот на 2017 година, кога меѓу нив се појавија првите несогласувања.

Иако на почетокот Мараја ги негираше тврдењата на нејзината поранешна менаџерка и рече дека обвиненијата се неосновани, британски „Мирор“ пренесува дека сепак се согласила на спогодба. Нејзината согласност за плаќање отштета може да биде вид на потврда дека обвиненијата на Стела биле точни.

Адвокатот на Стела призна дека е постигнат договор меѓу странките, но тој не сакаше да потврди за колкава сума станува збор. Имајќи предвид дека Мараја финансиски добро стои, веројатно се работи за милиони. Покрај тоа, поранешната менаџерка не е единствената што ја обвини Кери за сексуално вознемирување. Истото го стори и Мајкл Анело, сопственик на агенција за безбедност која соработуваше со познатата пејачка. Анело тврди дека „го намамила” во хотелската соба и пред него се шетала во предизвикувачки фустан, а поради „непријатностите” покрена тужба.

Треба да знаете
Последни објави