Search

Марадона: Сонувам да постигнам гол против Англија и со другата рака

Неколку дена пред неговиот 60-ти роденден, Диего Марадона веќе знае што сака како подарок.

Сонувам да можам да постигнам уште еден гол против Англија, но овој пат со десната рака, изјави тој за Франс Фудбал, по што почна да се смее.

Дон Диего исто така беше запрашан кои се најдобрите играчи во моментот.

– Меси и Кристијано, Кристијано и Меси. За мене, тие двајца се над сите други. Не гледам некој да им пријде. Никој не е ни на половина од нив, вели легендата.

Марадона ќе го прослави својот 60-ти роденден на 30 октомври.

Треба да знаете
Последни објави