Search

Марадона пред да почине земал коктел од лекови кои направиле проблем во работата на неговото срце

Легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона, испил коктел од лекови пред да почине, пренесуваат светските медиуми. Марадона почина на 25 ноември во својот дом како послеица од срцев удар. Претходно имаше хирушка интервенција на неговата глава, по што беше пуштен да се рехабилитира во домашни услови. Смртта предизвика шок кај голем број негови навивачи. Аргентинските власти отоврија истрага за причината на смртта кај фудбалскиот уметник. Според најновите информации кои доаѓаат од Аргентина а ги пренесуваат тамошните медиуми, 60 годишниот Марадона, непосредно пред  да почине земал коктел од лекови, кои му  направиле проблем во работата на неговото срце, кое набрзо потоа откажало.

Како што пренесуваат аргентинските медиуми, сето ова било наведено во неговиот медицински картон. Во споменатиот коктел на лекови имало и антидепресиви, антипсихотици, кои се користат за лечење на биполарно пореметување.
Медиумите пренесуваат дека на Марадона му била откриена и проширена кардиомиопатија, здравствена состојба во која срцевиот мускул слабее и не може да испумпа доволно крв за остатокот од телото.

-Мора да се испита колку лекови земал и кои биле критериумите за Марадона ги зема истите. Исто така се испитува и дали Марадона ги земал истовремено или не. Имало доста мешавини на антидепресиви и антипсихотици, што имале големо влијание на срцето, особено на срцевата
фреквенција, изјавил тамошен невролог.

Треба да знаете
Последни објави