Search

Манџукиќ стана дел од стручниот тим на хрватскиот селектор Далиќ

Поранешниот хрватски напаѓач, Марио Манџукиќ по крајот на својата фудбалска кариера по неуспешната авантура во Милан, најде нова работа, овојпат како дел од стручниот тим на хрватскиот селектор Златко Далиќ.

„Добредојде меѓу ‘Ватрените’, веруваме дека во тренерската улога ќе бидеш успешен како во играчката“, објавија од Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС).

35-годишниот Манџукиќ во својата кариера играше за Динамо Загреб, Атлетико Мадрид, Јувентус и Баерн Минхен, а со Хрватска стигна до среброто на Светското првенство во Русија во 2018 година. Сега, во улога на помошник на Далиќ ќе патува со своите досегашни соиграчи на Мундијалот во Катар во 2022.

Треба да знаете
Последни објави