Search

Манџукиќ опериран во Хрватска

Фудбалерот на Јувентус Марио Манџукиќ бил подложен на хируршка интервенција, се наведува во соопштението од торинскиот клуб.

Станува збор за рутински операција, односно септопластика поради проблеми со носот, кои му предизвикувале проблеми во дишењето.

Од клубот не наведуваат дали за хрватскиот фудбалер сезонава во Италија е завршена пред време, но по се изгледа тој нема да биде подготвен  за настап во последното коло против Сампдорија, кој е резултатски небитен за италијанскиот шампион.

Треба да знаете
Последни објави