Search

Манчини: Роналдо во Италија нема толку многу простор како во Шпанија

 Селекторот на Италија, Роберто Манчини објасни зошто Кристијано Роналдо има потешкотии да постигне гол за својот нов тим Јувентус.

Според него, Португалецот уште се прилагодува на серијата А каде нема толку простор како во Шпанија

„Постојат моменти кога нешто не ви оди. Не мислам дека Роналдо ќе има проблеми со ефикасноста. Тој само поминува низ тежок период, што е нормално за еден напаѓач. Во Италија, одбраната на тимовите почнува уште од средниот ред. Тука Роналдо нема многу простор како што тоа беше случај во Шпанија. Таму се игра друг тип на фудбал“, вели Манчини.

Треба да знаете
Последни објави