Search

Манчестер јунајтед се резили, а тренерот Солскјер се уште има кредит

Норвежанецот Оле Гунар Солскјер останува на клупата и покрај понижувачкиот пораз во дербиот на 9. коло од англиската фудбалска премиеригашка конкуренција од Ливерпул (0:5). Манчестер јунајтед загуби на „Олд Трафорд“ што дополнително му ја загрози ситуацијата на Солскјер кој по поразот изјави дека ова е најтемниот ден во неговата тренерска кариера, но дека би било глупаво да се откаже сега кога е блиску до остварување на долго градениот проект.

Јунајтед на Солскјер не е рамноправен со посилните екипи. За „црвените ѓаволи“ следуваат тежки и неизвесни денови за нивниот тренер. Треба да играат со Тотенхем, па гостуваат во Бергамо во меч од ЛШ и потоа ги очекува дуелот со актуелниот првак Манчестер сити пред паузата. Доколку продолжи со низа со лоши резултати, веројатно за време на репрезентативната пауза раководството на Мначесте јунајтед ќе мора да размислува и за нов тренер.

Што го спречува Јунајтед да го замени Норвежанецот?

Прво, Солскјер потпиша договор до 2024 година и беше претставен како проект на подолг период. Тимот е создаден според неговиот калап, а со донесување на нов тренер се подразбира дека тој ќе бара нови играчи за што клубот ќе биде подложен на дополнителни финансиски трошоци.

Второ, челниците немаат решение, Зидан наводно ја одбил понудата да седне на клупата на „црвените ѓаволи“. Тој чека понуда од француската репрезентација за да го презеде националниот состав по СП, а евентуалното донесување на Антонио Конте предизвикува сомнеж кај сопствениците. Проблем е темпераментот на Италијанецот, па не сакаат да се повтори ситуацијата со Мурињо во Јунајтед.

Но, јавноста тврди дека Конте би бил добро решение, без разлика на се, имајќи предвид дека со себе носи победнички менатлитет. Но, тука е и прашањето за Кристијано Роналдо, кој наводно го спречил Конте да се врати во Јувентус пред две години.

 

Треба да знаете
Последни објави