Search

Манчестер јунајтед размислува за размена на Рашфорд со Санчо

Напаѓачот Дортмунд Борусија, Џејдон Санчо најверојатно ќе го напушти клубот во јануари 2020 година, пренесува „Скај спорт”. Понуда за 19-годишен играч подготвува Манчестер јунајтед.

Според британските медиуми, Манчестер има намера да го понуди Маркус Рашфорд во замена за Санчо.

Актуелниот англиски шампионот Манчестер сити важи за главен конкурент на Манчестер јунајтед, во трката по Санчо. Во 2017 година, Џејдон се пресели од Сити во Борусија за седум милиони евра. За тоа време, Англичанецот одигра 47 натпревари за тимот на Дортмунд и постигна 14 голови.

Треба да знаете
Последни објави