Search

Манчестер Јунајтед пред ангажман на второто летно засилување

Манчестер Јунајтед пред два дена и официјално го комплетираше трансферот на првото летно засилување, Даниел Џејмс.

Велшкиот репрезентативец ќе биде презентиран на јавноста веднаш штом заврши интернационалната пауза, а потоа ќе следи објава на уште еден трансфер.

Медиумите во Англија пренесуваат дека „ѓаволите“ ја испратиле првата понуда до Кристал Палас за услугите на десниот бек, Арон Ван Бисака. Се објави дека Манчестер Јунајтед понудил 40 милиони фунти за услугите на играчот кој блесна оваа сезона.

Сепак, од Кристал Палас ја одбиле оваа понуда со образложение дека за играчот бараат најмалку 60 милиони фунти. Следните денови двата клуба треба да се сретнат повторно за да дискутираат околу евентуалниот трансфер. Се верува дека Манчестер Јунајтед ќе понуди плус 20 милиони фунти на Кристал Палас, меѓутоа истите ќе бидат изразени во бонуси.

Доколку не успеат во намерата да го ангажираат Ван Бисака, од Манчестер Јунајтед ќе тргнат по услугите на Томас Меуние од ПСЖ или Кјеран Трипие од Тотенхем.

Треба да знаете
Последни објави