Search

Манчестер Јунајтед не биле заинтересирани за Бејл

Манчестер Јунајтед не се заинтересирани за услугите на фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл. ЕСПН објави дека иако долго време биле сериозно заинтересирани за Велшанецот, во пресрет на преодниот рок одлучиле дека тој не им е потребен во тимот.

Шпекулациите за заминувањето на Бејл од Мадрид се засилија со враќањето на Зинедин Зидан во Реал. Овие двајца не се во најдобри односи, а се кулминираше минатата година во финалето на Лигата на шампионите, кога Зидан го остави Бејл на клупата.

Исто така, Реал сака да го продаде Бејл, бидејќи не го пружи она што го очекуваа од него, а причина за нешто такво се честите повреди.

Бејл летото во 2013 година пристигна во Мадрид, на 224 натпревари има постигнато 102 гола.

Треба да знаете
Последни објави