Search

 Манчестер јунајтед нема да го отпушти Солскјер

Норвежанецот Оле Гунар Солскјер добива нова шанса да ја задржи првата позицијата на тренерската клупа кај англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед. Претходно беше објавено дека клубот имал контакт со екс-тренерот на Интер Антонио Конте по поразот на Манчестер јунајтед од Ливерпул (0:5).

Сепак, според „Sky Sports”, тоа не било така. Солскјер не се очекува да добие отказ. Клубот смета дека и покрај горкото разочарување и резултатот толку болен за сите, сега главното внимание треба да се посвети на подобрување на ситуацијата – тимот освои само еден бод на последните четири натпревари во Премиер лигата и го зазема 7. место на табелата. Дури и покрај лошите резултати и гласините во Манчестер јунајтед, нема навестување дека 48-годишниот Норвежанец во моментов е во опасност да добие отказ.

Манчестер Јунајтед пред репрезентативната пауза ќе игра против Тотенхем (30 октомври), Аталанта (2 ноември) и Манчестер Сити (6 ноември).

Треба да знаете
Последни објави