Search

Манчестер Јунајтед и Јувентус објавија големи загуби во работењето

Англискиот Манчестер Јунјатед и италијанскиот Јувентус, сегашниот и донеодамнешниот клуб на португалскиот фудбалски репрезентативец Кристијано Роналдо, објавија денеска значителни финансиски загуби за минатата 2020/21 сезона.

Англискиот фудбалски гигант соопшти дека минатата сезона работел со загуба од 92.2 милиони фунти, што е речиси четири пати повеќе од минусот во сезоната 2019/20, кој изнесуваше 23.2 милиони фунти.

Од друга страна, Јувентус пријави загуба од дури 209.9 милиони евра за сезоната 2020/21, двојно повеќе споредено со една сезона претходно.

Двата клуба објавија дека големите финансиски загуби се должат на пандемијата на коронавирус.

Јувентус веќе најави дека и во тековната сезона ќе заврши со минус, додека на „Олд Трафорд” со оптимизам гледаат во иднината, бидејќи од самиот почеток на сезоната во Премиер лигата своите домашни натпревари ги играат пред полни трибини.

Треба да знаете
Последни објави