Search

Манчестер јунајтед и Лингард почнуваат нова рунда преговари за продолжување на соработкатаа

Англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед има намера да го обнови договорот на офанзивниот играч за врска Џеси Лингард. Клубот веќе неколку недели преговара за продолжување на соработката со 28-годишниот Англичанец и се надева дека страните ќе успеат да постигнат договор, иако првиот предлог беше одбиен.

Сегашниот договор е со важност до крајот на јуни 2022 година.

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле-Гунар Солскјер ја поддржува одлуката за продолжување на соработката со Лингард и комуницира директно со играчот.

Фудбалерот е на листата на оние играчи со кои треба да се обноват договорите. Тука се и Бруно Фернандеш, Пол Погба и Лук Шо.

Лингард постигна два гола на три натпревари во Премиер лигата оваа сезона.

Треба да знаете
Последни објави