Search

Манчестер јунајтед го сврти мечот на гостувањето кај Њукасл во последните минути

Манчестер јунајтед оствари втора победа во англиската фудбалска Премиер лигата, овојпат на гостувањето на „Ст. Џејмс парк“  против Њукасл  (1:4). Почетокот од мечот не ветуваше ваков резултатски расплет. Избраниците на Оле Гунар Солскјер ја затресоа мрежата, ама сопствената преку Лук Шо уште во 2. минута, но не се предадоа и во финишот од мечот го направија резултаскиот пресврт кога во периодот од 86 минута па до последниот судиски свиреж постигнаа три гола. Претходно предноста на домаќините во 23 минута ја анулира Мегваер.

Бруно Фернадеш во 56 минута не искорсити пенал, но се извади во 86 минута кога обезбеди резултаска предност која до крајот беше зголемена со погодоците на Ван Бисака за 1:3 и на  Рашфорд во шестата минута од продолжението за конечни 1:4.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави