Search

Манчестер јунајтед го обнови интересот за Гризман

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, кој е позајмен од Барселона, би можел да стане играч на Манчестер јунајтед во зимскиот преоден рок. Англискиот клуб го обнови интересот за 31.годишниот француски репрезентативец, пренесува „Атлетик“.

Истиот извор наведува дека ова сценарио може да се случи доколку Атлетико и Барселона не го решат спорот околу позајмицата на Гризман.

Тренерот на Ј„јорганџиите“, Диего Сименоне, само еднаш сезонава го држеше Гризман во игра повеќе од 30 минути бидејќи клубот не сака да и плати на Барселона 40 милиони евра доколку искусниот напаѓач одигра одредена минутажа. Французинот од првата до последната минута го одигра само последното дерби со Реал Мадрид.
Клубот од Каталонија веќе објави дека се подготвува да го тужи Атлетико поради кршење на правилата.

Гризман го напушти Мадрид и се пресели во Барселона во 2019 година, а во клубот се врати во летото 2021. Оваа сезона одигра шест натпревари во Примера и постигна два гола.

Треба да знаете
Последни објави