Search

Манчестер сити ќе му понуди нов договор на Родри

Манчестер сити ќе му понуди нов договор на Родри, тврди инсајдерот Фабрицио Романо.

„Граѓаните” имаат намера да ги средат сите детали со играчот според новиот договор до крајот на годината.

Во исто време, Манчестер сити сака да ангажира уште еден играч од средниот ред во трансфер периодот меѓу сезоната.

Актуелниот договор на 25-годишниот Шпанец со Манчестер сити е до летото 2024 година.

Тој минатата сезона забележа 46 настапи за Сити во сите натпреварувања. Има седум гола и две асистенции.

Треба да знаете
Последни објави