Search

Манчестер сити го исфрли најтрофејниот европски шампион

Европа ќе добие нов европски фудбалски првак, тоа е познато откако беше елиминиран сеуште актуелниот Ливерпул пред продолежението на сезоната во елитното клупско натпреаврување, но турнирската завршницата во Лисабон ќе биде посиромашна и за најторфејниот со евро-шампионски титули Реал Мадрид.

Манчестер сити го елиминираше рекордерот со освоени европски шампионски титули Реал (2-1) и ќе патуваат на завршницата во Лисабон.

Избраниите на Пеп Гвардиола стасаа до новиот, втор триумф во довмечот благодарение на кошмарната ноќ на Рафаел Варан. Французниот без Серхио Рамос крај себе делуваше загубено и им подари два чисти гола на „граѓаните“.

На „Етихад“ мрежата се затресе во 9. минута. Куртоа го проигра Варан, а овој си поигра и ја загуби топката во казнениот простор во дуел со Габриел Хесус, кој веднаш го проигра Стерлинг на кого  не му беше тешко да го постигне најлесниот гол во кариерата. Во средината на првиот дел Реал Мадрид се врати преку Карим Бензема кој погоди со глава, а по паузата, „кралевите“ имаа неколку шанси за гол, но не го надмудрија Едерсон.

Сити почна да прави притисок, Куртоа неколку пати спасуваше за да во 68. минута следеше втората почетничка грешка на Варан која ја искористи Габриел Хесус, за конечни 2-1.

Манчестер Сити на Ф8-турнирот во Лисабон ќе игра со Лион.

Треба да знаете
Последни објави