Search

Манчестер Сити со победа ја отвори Премиер сезоната

Манчестер Сити ја оствари првата победа во новата сезона од Премиер – лигата совладувајќи го Вулверхемптон на гости со 1-3. Тимот на Пеп Гвардиола дојде до два гола предност во првото полувреме, но, сепак, до самиот крај стравуваше за трите бода. „Волците“ минатата сезона беа непријатни за Сити и двапати го поразија.

Кевин Де Бруин во 20.минута донесе предност за „граѓаните“ со удар од белата точка, а Фил Фоден го удвои водството во 32.минута.

Раул Хименез со одличен удар со глава во 78.минута ја врати неизвесноста, но Манчестер Сити успеа да се одбрани, а во судиското продолжение Габриел Жесус и го потврди триумфот за гостите.

Треба да знаете
Последни објави