Search

Манчестер сити подготви десетгодишен план за Меси, по крајот на неговата кариера, тие сакаат да го направат амбасадор на клубот

Англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер сити работи да го обезбеди напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, пренесува Тајмс. Претходно Скај Спорт објави дека Сити не планира да го ангажира Меси дури и бесплатно. Првата причина е што тој ќе наполни 34 години, а втората е што играч на тие години бара неверојатно висока плата.

Според Тајмс,  кај „граѓаните“ настанал пресврт во размислувањето и плановите со ангажманот на Меси. Англискиот клуб има 10-годишен план за Аргентинецот. Ќе му биде понудено да игра за Манчестер сити, а потоа да игра за еден од деветте клуба кои ја сочинуваат Сити фудбалската група. Тука меѓу другите се влезени и Њујорк (САД), Јокохама (Јапонија), Мелбурн (Австралија).

Исто така, „граѓаните” сакаат да му понудат на Меси улога на амбасадор на клубот по завршувањето на кариерата на играчот.

Манчестер сити верува дека потпишувањето на Аргентинецот нагло ќе ги зголеми приходите од рекламни договори, а исто така верува дека преминот на Меси ќе ги олесни преговорите со другите врвни играчи.

Меси, наводно, разговарал за неговиот трансфер во Сити со главниот тренер Пеп Гвардиола во текот на летото. Претходно, фудбалерот влезе во судир со раководството на Барселона и инсистираше на трансфер. Поранешниот претседател на клубот Joзеп Бартомеу не го пушти да замине од каталонскиот гигант.

Треба да знаете
Последни објави