Search

Манчестер Сити е повторно шампион на Англија

Драмата во Премиер лигата заврши и конечно го знаеме победникот на една од најдобрите сезони во историјата на ова натпреварување. Екипата на Манчестер Сити е старо-нов шампион на Англија.

 

Тимот предводен од Пеп Гвардиола во последното, 38 коло го победи Брајтон на гостински терен со 4:1 и сезоната ја заврши со 98 поени. „Граѓаните“ го направија токму она што им беше потребно – победија и ја задржаа предноста од еден бод на врвот на табелата.

На второто место со само еден бод помалку од „граѓаните“ заврши Ливерпул кој вчера беше поуспешен од Вулверхемптон со 2:0. Оваа сезона на тимот на Ливерпул е истовремено импресивна, но и разочарувачка. Тимот освои 97 бода – салдо кое би било доволно за шампионска титула во сите освен две сезони во Премиер лигата.

А тие две сезони? Оваа и минатата, во кои Манчестер Сити вкупно освои 198 бода.

За Манчестер Сити ова е втор шампионски трофеј во низа во Премиер лигата и шести во историјата. Оваа сезона, Сити исто така го освои и англискиот Лига Куп, а на 18 мај, ќе игра во финалето на ФА купот против Вотфорд.

Треба да знаете
Последни објави