Search

Манчестер Сити го покажа новиот дрес инспириран од минатото

Манчестер Сити го промовираше домашен дрес за следната сезона.

Опремата е инспирирана од тимот на Сити од 70-тите години на минатиот век, односно од една од најголемите легенди на клубот, Колин Бел, кој за „граѓаните“ настапуваше 13 години.

„Пума“ дизајнираше ретро варијанта со класичната светло-сина боја на Сити, со црвено-бела боја на рабовите на ракавите, што е омаж на генерацијата на Бел, која ги имаше тие бои на чорапите.

Иако црвено-белата боја е симбол на големиот ривал на Манчестер Јунајтед, оваа комбинација има подлабоко значење и за Сити.

 

Треба да знаете
Последни објави