Search

Манчевски од Илинден: СДСМ расте, нови 100 члена во Илинден, на прав пат сме и реформите се препознаени

Нашето членство расте, во Илинден доделивме нови стотина членски книшки, тоа е доказ дека СДСМ расте, тоа е доказ дека граѓаните ги препознаваат реформите и мерките кои ги враќаат парите назад кај граѓаните, истакна потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.
Манчевски се осврна на отворање на нови работни места како една од најважните реформи важни за граѓаните.
Отворивме 60.000 работни места, невработеноста падна под психолошката граница од 20%. СДСМ е на прав пат и затоа како што досега ветивме и остваривме, за наредните 4 години чист мандат ветуваме нови 100 илјади места и намалување на невработеноста до 8 отсто, потенцираше Манчевски.
Манчевски додаде дека новите членства во СДСМ, успесите во евроинтеграциите и реформите дома се доказ дека СДСМ убедливо ќе победи на 12ти април.
Треба да знаете
Последни објави