Search

Манчевски: Одлуките на Антикорупциската комисија ќе се почитуваат за постапките за вработувања на роднини на високи функционери

 Одлуката на  членовите на Државната комисија за спречување на корупции, кои  почнаа со разгледување на постапките за вработување на роднини на високи функционери во извршната и законодавната власт ќе ја почитуваме, каква и да е, истакна денеска министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, кој присуствуваше на првиот државен натпревар FIRST LEGO лига  на Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев”-Штип.

-Мораме да ги гледаме случаите посебно, ако се работи за било какво прекршување на норми и правила, но овде не се работи за прекршување на закон, овде се работи за прекршување на етика, да кажеме. Ние викаме дека треба некој да се повлече, дали да се повлече човекот, кој е вработен или да се повлече функционерот. Не е лесна одлуката, секако, се работи за семејни одлуки. Но, од друга страна неможеме сите да ги ставиме во исти кош, понекогаш се работи за луѓе, кои навистина се дефицитарен кадар. Што ако се работи за лекар специјалист? Што кога се работи за електроинжињер? Што, кога се работи за градежен инжињер? Така да ги гледаме случаите еден по еден. Тоа го прави и Државната комисија за спречување корупција и да ги носиме одлуки, според законот, вели Манчевски.

Тој истакна повикот којшто го упатија до функционерите, коишто ги поврзуваат со вработувања на нивни роднини во државни институции е за некои од нив, но како што рече одлуката што треба да ја донесат е лична, а притисокот од јавноста треба да ги донесе до најдобрите одлуки.

На државниот натпревар FIRST LEGO лига во Штип беше и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски кој на новинарско прашање, дали тој ќе се повлече од функцијата по примерот на директорот на Затворот во Шутка, бидејќи минатата година имаше реакции од страна на јавноста за добивање на средства на фирми, што сопственици се роднини на функционери од власта, Десподовски истакна дека нема да даде оставка, бидејќи веднаш по реакциите направиле и посебен протокол со проценка на ризик, а со кој е воведен превентивен механизам.

-Компаниите, во својата сопственичка структура имаат носители на јавни функции или се поврзани со лица, поминуваат низ посебна процедура на проценка. Тоа значи дека на сите компании, нормално неможеме да им забраниме да аплицираат. Меѓутоа го заштитуваме јавниот интерес на начин што воведовме транспарентна постапка за тие компании коишто имаат носители на јавни функции во сопственичката структура, однапред декларирани и за нив се води посебна постапка, во соработка со Транспарентност Македонија, со што е со нас партнер, за да притоа сите оние структури, што се вклучени во одлучувањето да имаат предвид дека тоа е случајно, вели Деспотовски.

Тој забележа дека тој самиот не одлучува, каде и на кого да се доделуваат средствата од овој фонд, туку постојат комисии, што тоа најправин го разгледуваат и потоа одлучуваат.

Треба да знаете
Последни објави