Search

Манчевски на Алсат: Граѓаните ќе бидат безбедни на изборите, да ги поттикнеме да излезат

„Факт е дека работиме во насока за обезбедување консензус за датумот. Но, поважно од датумот мораме да дебатираме како да ги спроведеме изборите, како да се организираат, да ги уверуваме граѓаните дека се безбедни на гласачките места и така да иницираме поголем одѕив на гласачите. Наш став е дека изборите се неопходни сега, затоа што кога ќе се отворат границите голем дел од луѓето ќе патуваат, колку одиме подлабоко во летото ризикуваме граѓаните да не се тука…Ние можеме да се договараме за евентуален датум за избори до одреден временски период. Сакаме заеднички датум, даваме шанса за тоа, но не до бесконечност.“- изјави Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат. Тој направи споредба на политичката ситуација со вонредната состојба за да заклучи дека ако вонредната се укине на 30 мај тогаш државата ќе биде целосно нефункционална и ќе мора да се оди на избори. „Ако немаме датум, ако немаме вонредна состојба тогаш ќе се соочиме со хаос, кој ќе управува? Немаме парламент, а ќе имаме влада која не може да носи уредби со законска сила. Вонредната состојба единствено значи дека ингеренциите на собранието преминуваат кај владата и тоа не е поврзано со полицискиот час, ниту со рестриктивните мерки. Ако вонредната продолжи нема да значи дека ќе се вратат строгите мерки. И што подолго имаме вонредна тоа е полошо за државата. Оваа влада беше формирана само за избори, а ќе биде доведена во ситуација да одлучува и за други прашања кои не се поврзани со здравствената криза.“- смета Манчевски. Тој потсети дека ВМРО ДПМНЕ првично беше за избори на крај од август или почеток на септември, но и за тогаш никој не ни гарантира дека вирусот ќе го нема.

Треба да знаете
Последни објави