Search

Манчевски: ДУИ ја промаши темата на кампањата, меѓуетничките односи не се повеќе проблем во нашето општесто

В byо оваа кампања мислам дека имаме помала доза на тензија. Јасно е дека државата никого не снима, иако секој секого снима под маса. Јасно е кој за што се залага. Од разговорите гледаме дека едната страна се залага да се запре државата да оди напред, а другата работи за добробит и просперитет на граѓаните, изјави Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Нашата политика, нашиот концепт едно општество за сите значи еднакви граѓани и тоа го покажавме на дело. Немавме проблем со проширување на опсегот на користење и на албанскиот и другите јазици, во секојдневната употреба на граѓаните од таа етничка заедница.

Денес секој граѓанин од која било етничка заедница може да комуницира со институциите на својот мајчин јазик и да добие одговор на сопствениот мајчин јазик. –истакна министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски на гостувањето во Утрински брифинг.

Тој го посочи и носењето на Законот за употреба на јазиците со огромно мнозинство.

Кампањата на ДУИ ,темата и начинот е од некои поранешни времиња. Ова денес не се проблемите на албанската етничка заедница,тие се исти како на другите граѓани,владеење на правото ,економијата.

Дуи ја промашија темата на кампањата. И после се што заедно направивме во оваа Влада, да се излезе со една ваква етно- центристичка кампања, мислам дека им е грешка.-истакна Мначевски.

Тој посочи дека меѓуетничките односи не се појавуваат како проблем за граѓаните од било која етничка заедница. Различно е од тоа што беше порано.

Главна задача на сите ќе ни биде да си направиме една внатрешна реформа, рече Манчевски

Треба да знаете
Последни објави