Search

Мане: Не ми требаат десет Ферари, дваесет дијамантски часовници или два авиони, сакам да му помогнам на мојот народ

Садио Мане е од оние фудбалери кој не ги сака медиумските настапи. Тој ја врши својата работа на теренот брилијантно, но не се крева многу врева околу него, како што е случај со неговите колеги во нападот на Ливерпул – Мохамед Салах и Роберто Фирмино. Сенегалецот е исклучително смирен човек и тој самиот не за прв пат признава дека материјалното не е најважната работа во неговиот живот.

– Зошто би сакал 10 Ферари, 20 дијамнатски часовници или два авиони? Што би направиле овие нешта за мене или за светот? Бев гладен, сум работел на поле. Поминав низ тешки времиња. Играв фудбал бос. Немав образование и многу други работи, рече Мане.

Тој вели дека несака да се луксузира со она што го заработил, туку сака неговиот народ да почуствува малку она,што му го дал него животот.

– Јас изградив училишта, стадион. Обезбедуваме облека, чевли и храна за луѓето кои се во екстремна сиромаштија. Покрај тоа, им давам 70 евра месечно на сите луѓе во многу сиромашен регион на Сенегал. Ова им помага во нивната семејна економија. Не ми треба да парадирам со луксузни автомобили, луксузни имоти, одмори, па дури и со авиони. Повеќе сакам мојот народ да добие малку од она, што ми го дал мене животот, заклучи Сенегалецот.

Мане и Ливерпул го продолжуваат својот беспрекорен учинок во Премиер лигата, забележувајќи 8 победи од 8 одиграни натпревари.

Сепак, следи дерби со Манчестер Јунајтед.

Треба да знаете
Последни објави