Search

Манафорт му дал предизборни податоци на руски соработник

Поранешниот шеф на Изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп, Пол Манафорт, во текот на неколку месеци во средината на 2016 година давал податоци од предизборни анкети на соработник, кој бил поврзан со руските разузнавачки служби, се наведува во сускиот документ со вчерашен датум.

Новинари успеале да ги прочитаат податоците од судскиот документ, кои адвокатите на Манафорт не ги „затемниле” соодветно.

Обвинителите во истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер наведуваат дека Манафорт лажел за тоа, додека тој ги отфрла обвинувањата во врска со неговиот деловен партнер Константин Килимник, државјанин на Украина, кого обвинителите го обвинуваат дека имал врски со руските разузнавачки служби. Манафорт изјавил оти едноставно ги заборавил деталите, наведувајќи ја како оправдување хаотичната атмосфера во кампањата.

Во судскиот документ првпат детално се опишува поради што точно е обвинет Манафорт дека лажел.

Обвинителите, кои веќе две години го испитуваат врските на Изборниот штаб на Трамп со Русија и дека тој во свосјтво претседател се обидел незаконски да ја опструира истрагата, тврдеа дека Манафорт лажел по пет прашања, вклучувајќи и за неговата врска со Килимник.

Украинскиот државјанин, Килимник, кого Малер го обвини за опструкција на правдата бидејќи влијаел на сведоците во случајот Манафорт, негира дека е поврзан со руските разузнавачки служби.

Треба да знаете
Последни објави