Search

Манафорт може од оди во затвор и покрај можното помилување од Трамп

Обвинителството на градот Њујорк има намера да го обвини Пол Манафорт, поранешен раководител на изборниот штаб на Доналд Трамп, и тој повторно да се најде во затвор и покрај можно помилување од Трамп, објави „Њујорк тајмс”.

Како што јавува весникот, регионалното Обвинителство на Менхетен подготвува обвинение против Манафарт и во случај да биде помилуван од претседателот Трамп, па постои можност тој повторно да се најде во затвор.

Манафорт може да биде обвинет за незаконско добивање на два крадита од банки чии имиња не се откриваат.

Судот од Вирџинија се очекува пресудата против Манафорт да ја донесе на 8 март. Федерална порота од Вирџинија лани во април го прогласи за виновен по осум точки од обвинението во однос на неколку федерални кривични дела како кршење на даночни и фанансиски закони и прикривање на сметки во странство.

Тој може да добие казна од 25 години затвор за даночни и финансиски малверзации и дополнителна казна затвор за правење заговор во однос на криминалното дело. Во случај да биде осуден на затворска казна подолга од 25 години, тоа фактички е доживотен затвор за Манафорт, кој во април ќе го дочека својот 70. роденден.

Претседателот на САД може да го помилува но само во однос на федералните кривични дела, додека за кршење на законите на сојузната држава Њујорк, Манафорт нем оже да биде помилуван од претседателот.

Треба да знаете
Последни објави