Search

Манасков: Имаме реални шанси да ја минеме групата

Македонската ракометна репрезентација ги прави последните подготвки пред вечерашниот дуел со Украина (20.30 ч.) на стартот од нтпреварите во групата Б на Европскиот шампионат кој се игра во три земји: Австрија, Шведска и Норвешка. Натпреварите од групата Б, ќе се играат во Виена, а покрај Украина ривали на Македонија ќе и бидат уште селекциите на домаќинот Австрија и Чешка. Првопласираните две селекции од шесте групи одат во втората групна фаза.

Македонските репрезентативци утрово првпат излегоа на релаксирачки тренинг во салата „Штадхале“ каде ќе ги играат натпреварите, а пред новинарите во пресрет на дуелот со Украина се појави левото крило интернационалецот од редовите на унгарскиот Веспрем, Дејан Мансков.

-Навидум групата изгледа лесна, противници ни се добро познати. Сме играле повеќе пати против овие селкции. Според мене имаме реални шанси да освоиме едно од првите две места кои водат во вториот круг. Би оделе натпревар по натпревар и не би сакал да говорам за другите противници. Не очекува меч со Украина вечерва, познат ривал, игравме во минатите квалификациии, имаме позитивен биланс на двата меча, реми и победа, така да мислам дека квалитетот е на наша страна. Имаме поискусни играчи од нив, но денеска сите играат ракомет, никој не треба да се потцени. Треба да ја играме нашата игра, да одиграме најдобро што можеме и успехот нема да изостане, порача Манасков.

Треба да знаете
Последни објави