Search

Манасков демантира дека ќе игра за Динамо Букурешт

Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков кој моментално настапува за Веспрем, најверојатно ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, но не се знае каде ќе ја продолжи кариерата.

Мидиумите во Романија пишуваа дека Манасков е блиску до договор со Динамо Букурешт, и најверојатно следната сезона ќе го носи дресот на гигантот од Романија.

Набрзо по шпекулациите следеше реакција на македонскиот ракометар преку социјалните мрежи.

На својот профил на социјалната мрежа „Инстаграм“ Манасков само пиша дека е лажна веста и со го остави отворено прашањето каде ќе игра во следната сезона.

Во својата досегашна кариера, синот на легендарниот Пепи Манасков играше за: Металург, Вецлар, Рајн Некар Левен, Вардар и Веспрем.

Треба да знаете
Последни објави