Search

Мал пад на бројот на починати во Њујорк, сè уште недостасува медицинска опрема

Во последните 24 часа има благ пад на бројот на починати во Њујорк што може да претставува мал зрак на надеж дека ширењето на коронавирусот ќе забави, изјави гувернерот на Соединетите Држави Ендру Куомо, кој  објави дека починале уште 594 луѓе, со што бројот на жртвите достигнал 4.159.

Куомо рече дека е премногу рано да се утврди дали пандемијата достигнала врв.
Тој звучеше умерено оптимистички, но ги повика граѓаните да останат будни и строго да се придржуваат кон мерките за социјална оддалеченост, пренесува АП.

Гувернерот предупреди дека здравствениот систем во Њујорк сè уште работи над својот капацитет, додавајќи дека недостасува медицинска опрема.

Треба да знаете
Последни објави