Search

Малолетнички украле фотографии од врснички па обработени со недолични содржини ги објавиле на Инстаграм

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело  „злоупотреба на лични податоци“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе известување против четири малолетнички, на возраст од десет до четиринаесет години, сите од Охрид.

Тие, во текот на јули оваа година, од социјалната мрежа „Инстаграм“, неовластено презеле фотографии од три малолетнички од Охрид, ги обработиле и со недолични содржини ги објавиле на „Инстаграм“.

Треба да знаете
Последни објави