Search

Малолетничка го оставила бебето оти не знаела што да му прави

Малолетничка од скопската населба Топанско поле во Скопје е мајката која се породила и го фрлила бебето на тротоар во Топанско поле.

Во изјава пред социјланите работници, малолетничката кажала дека не можела да се грижи за бебето бидејќи немала партнер.

Несовесната мајка во присуство на нејзината мајка била однесена на лекар.

Како што информираат од МТСП, мајката има рок од три месеци да се предомисли, а ако тоа не се случи, бебето ќе биде дадено на посвојување.

Бебето беше пронајдено во вторникот вечерта на тротоар покрај тревник, на булеварот Македонско Косовска бригада.

Минувачи веднаш повикaле брза помош и ја алармирале полицијата, по што новороденчето било пренесено на Клиниката за детски болести. Новороденчето е во добра општа состојба.

Треба да знаете
Последни објави