Search

Малолетници со уцена на социјална мрежа зеле 6.000 евра

Малолетници со уцена на социјална мрежа зеле 6.000 евра

Секторот за внатрешни работи  Куманово поднесе кривична пријава против двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години од село Отља, кумановско, и против уште еден 16-годишен малолетник од село Слупчане поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена”, во врска со кривично дело „соучесништво”.

Во периодот од јули до септември годинава пријавените преку комуникација на социјална мрежа со  закана дека ќе објават фотографии со невистинита содржина, оштетената ја принудиле да им даде поголема сума на парични средства, со што се стекнале со противправна имотна корист од 360.000 денари.

Треба да знаете
Последни објави