Search

Малолетници се тепале во автобус на ЈСП

Во автобус на ЈСП, број 74 на булеварот Кочо Рацин, вчера се случила тепачка меѓу малолетници. Според пријавеното, се работи за физичка пресметка помеѓу А.Е.(18) и малолетник од с. Горно Количани, од една страна, и двајца малолетници од с. Долно Количани, од другата страна.

Како што наведе МВР, причина за пресметката било претходно меѓусебно нетрпение. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Треба да знаете
Последни објави