Search

Малолетници од Делчево фалсификувале евра

На 25.11.2020 од страна на А.К. од Пехчево околу 19.30 часот е пријавено кривично дело „фалсификување на пари“ од чл.268 од КЗ. Имено А.К. , продавачка во продавница пријавила дека во продавницата влегло машко лице и побарало една кутија цигари, но бидејќи немал денари, платил со банкнота од 50 евра.

Подоцна А.К. се посомневала дека банкнотата е фалсификат и случајот го пријавила во полициска станица. Од страна на ОВР Берово, по овластување на ОЈО Кочани, е извршен увид во продавницата и извршени се оперативни проверки, од кои е дојдено до сознание дека можен сторител е малолетник (17) од Делчево, а биле инволвирани и други лица.

На 26.11.2020 полициски службеници од ОВР Делчево извршиле претрес на три локации во Делчево и извршен е разговор со четири лица. Претрес е извршен кај С.М. (19) и во домови на двајца малолетници (17) и (16) од Делчево.

Од извршените претреси одземени се лаптоп, три мобилни телефони и испечатани разни банкноти. Потоа во полициска станица извршен е разговор со уште еден малолетник (16) од Делчево. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

Треба да знаете
Последни објави