Search

Малолетник украл 70.000 денри од пензионерка

Малолетник од Велес со уште едно момче ограбиле пензионерка од која украле 70.000 денари, информираше МВР.

Станува збор за 16 годишник, како и Е.М.(22), двајцата од Велес кои се приведени и против кои ќе бидат поднесени кривични пријави.

Според полицијата,разбојништвото се случило вчера околу 7.30 часот на улицата Вера Циривири во Велес. Двајцата влегле во куќата на Б.М.(68) од која со закана зеле ќесе во кое имало над 70.000 денари, по што побегнале.
Случајот бил пријавен во полицијата која по преземени мерки ги идентификувала и лишила од слобода двајцата арамии. Кај нив се пронајдени одземените пари и истите се вратени на оштетената.

Треба да знаете
Последни објави