Search

Малолетник прободен со нож во автобус на ЈСП

На 12.09.2019 околу 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека бил нарушен јавниот ред и мир во автобус бр.56, при што со повреди од остар предмет се здобил 16-годишен малолетник, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Со повреди се здобиле и уште две други малолетни лица кои се пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“. Полициски службеници од СВР Скопје излегоа на увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави