Search

Малолетник од Хрватска осуден на затвор во Австрија, со нож избодел соученик

Во австрискиот град Корнеубург деновиве се одвиваше судење кое предизвика реакции во тамошното општество. Во случајот, му се суди на 16-годишен Хрват, кој во медиумите е претставен само со иницијал К. е обвинет за обид за убиство на една година помлад соученик, кого на 2 мај минатата година, пред училиштето во виенскиот кварт Вахринг, го избодел со нож.

Во истиот случај, обвинет е и избодениот, кој се товари дека неговиот напаѓач претходно го злоставувал и уценувал, па од него извлекол повеќе стотини евра. К. пред неколку години со неговата мајка се доселил од Хрватска во Австрија, додека повреденото момче е роден Австриец со египетско потекло.

Треба да знаете
Последни објави