Search

Малолетник имал пиштол во автомобилот

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција на ул.„Кузман Шапкарев“ во Скопје сопреле автомобил „фолксваген пасат“, управуван од 16–годишен малолетник од с.Рашче, скопско.

При извршениот преглед на возилото биле пронајдени и одземени пиштол “Walter“, калибар 7,65мм и една метална рамка со седум куршуми. Лицето било лишено од слобода и приведено во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави