Search

Малолетник ги избол таткото и сестрата со нож

На 26.01.2020 во 20.33 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„391“ во Скопје, по претходна расправија, 15-годишен малолетник бил физички нападнат со дрвен предмет од неговиот татко С.Т.(50) од Скопје, по што настанала физичка пресметка во која малолетникот со остар предмет ги нападнал неговиот татко и сестра А.Т.(22), која се обидувала да ги раздели. Лицата биле пренесени во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Треба да знаете
Последни објави