Search

Малолетна скопјанка застрелана во глава донесена во болница

На 27.01.2020 во 14.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било донесено малолетно женско лице со повреда во главата од огнено оружје.

Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за 15-годишно девојче, кое во семејната куќа во Скопје било пронајдено од нејзиниот брат П.С.(18) со прострелна рана, а во нејзина близина имало пиштол „Црвена застава“, сопственост на нејзиниот татко М.С.(58), кој го поседувал со дозвола.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 

Треба да знаете
Последни објави