Search

Малолетна битолчанка на мотор се судрила со автомобил

На 18.09.2019 во 01.20 часот на крстосница од улиците Баталјон Стив Наумов и Филип 2-ри Македонски во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „ауди А-4“, управуван од П.Н.(45) и мопед „ринини знен-50“, управуван од 15-годишна малолетничка, и двајцата од Битола.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката и била пренесена на лекување во Клиничката болница Битола.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

Треба да знаете
Последни објави