Search

Малолетен ученик казнет на 4.5 години затвор оти бакнал 13-годишно девојче

Малолетен ученик казнет на 4.5 години затвор оти бакнал 13-годишно девојче

16 годишно момче од Турција е осудено на четири години затвор поради тоа што бакнал 13 годишно девојче.

Пресудата е донесена на југот на Турција во провинцијата Анталија, откако момчето А.К. е обвинето за сексуален напад. Тој само ја гушнал и бакнал тинејџерката во училиште.

Тоа било снимено од еден од учениците кој на сите им го покажал видеото. Потоа тоа дошле до управата на училиштето, а потоа детето било обвинето.

Обвинет е и ученикот кој го снимил видеото, поради снимање на „неприкладна содржина за деца“, како и останатие ученици кои го споделувале видеото, но подоцна биле ослободени од обвиненијата.

Адвокатот Севкат Ајит Узун за турските медиуми изјавил дека судијата и обвинителот немале разбирање за тоа дека момчето е во пубертет и што делувал импулсивно.

Треба да знаете
Последни објави